УКРАДЕН БАКАРЕН ПОКРИВ ОД ЦРКВА ВО ЧАИР Во отпад вреди околу 150.000 денари

Кражбата е пријавена вчера, а покривот последен пат „бил виден“ во февруари годинава.

254

Македонската православна црква – Охридска архиепископија вчера во 17:25 часот пријавила во полиција дека во периодот од февруари 2026 година до пријавувањето, од црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ на подрачјето на Чаир во Скопје, одземен бил бакарен лим од кровот на црквата, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, според пријавеното, сторителите се стекнале со противправна имотна корист од над 150.000 денари.

Поврзани содржини