ТРАМП УВЕРУВА ДЕКА ИЗРАЕЛ НЕМА ДА УПОТРЕБИ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ Се проценува дека има 90 атомски бомби

„Израел не би го направил тоа. Израел никогаш не би го направил тоа“, рече Трамп во одговор на новинарско прашање.

313

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Израел би употребил нуклеарно оружје за да ги реши своите проблеми, иако еврејската држава никогаш не признала дека поседува такво смртоносно оружје, пренесе ДПА.

На новинарско прашање за коментарот на советникот на Трамп, Дејвид Сакс, даден во поткаст, во кој тој шпекулираше дека Израел може да ја ескалира војната и да размисли за употреба на нуклеарно оружје, Трамп рече: „Израел не би го направил тоа. Израел никогаш не би го направил тоа“.






Според проценките на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ), Израел поседува 90 нуклеарни боеви глави.

Поврзани содржини