ЈА ТЕПАЛ СОПРУГАТА ВО ЛОКАЛ И ВО АПАРТМАН Приведен Србин во Охрид за семејно насилство
Инцидентот се случил вечерта на улицата Партизанска, а полицијата реагирала по пријава за физички напад врз жена.
Српски државјанин бил приведен во Охрид откако физички ја нападнал својата сопруга во угостителски објект, а потоа и во апартман каде што биле сместени.
Инцидентот се случил во неделата околу 21 часот на улицата Партизанска, кога полициски службеници реагирале по претходна пријава за семејно насилство.
Според информациите од полицијата, 49-годишниот маж најпрво ја нападнал сопругата во локал, по што насилството продолжило и во апартманот во кој престојувале.
Осомничениот бил лишен од слобода, а по целосното расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.