„ЌЕ ГИ ЗАМОЛИМЕ ЛУЃЕТО ШТО РАКОВОДАТ СО СДСМ ПОВЕЌЕ ДА НЕ ГО ПРАВАТ ТОА“ Петре Шилегов најавува иницијатива на поголема група социјалдемократи

Шилегов вели дека тоа ќе биде „процес“ воден од луѓе кои политички израснале во СДСМ. Смета дека слабиот СДСМ ги тера критички настроените граѓани да ја бараат опозицијата во Левица.

276

Поранешниот функционер на СДСМ, екс-градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, во гостување на „Тема на денот“ на Сител рече дека оваа опозициска партија „кадровски се испразнила“ и најави дека наскоро, како што рече, поголема група социјалдемократи ќе побара оставка од актуелното раководство.

– Ќе се обидеме да дојдеме до здрава политичка логика и да ги замолиме луѓето што ја раководат партијата, повеќе да не го прават тоа. Да дојдат некои други да ја раководат партијата – рече Шилегов.






Тој додаде дека тоа ќе биде „процес“ воден од луѓе кои политички израснале во СДСМ. Смета дека слабиот СДСМ ги тера критички настроените граѓани да ја бараат опозицијата во Левица.

– Кај граѓаните опозициското чувство е високо, но кај вака организиран СДСМ – безличен и без можност да привлече нови гласови, треба да се бара поинаков пристап – вели поранешниот градоначалник на Скопје.

Поврзани содржини