ПРОТЕСТОТ НА СИНДИКАТИТЕ Е „ИГРАНКА НА СДСМ“ Ова не е протест за повисоки плати, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Ова е игра на ССМ и СДСМ да бидат видливи како фактор на пошироката општествена сцена, игра посебно на СДСМ која како партија сигурно се движи кон пропаст, рече пратеникот Петрушевски.

84

На вчерашниот долгонајавуван протест демек на Сојузот на синдикати на Македонија, на дело се докажа она за кое ние ви укажувавме. Од вчера, сите се на чисто дека ССМ и СДСМ делуваат заеднички и дека и едните и другите се немоќни и само си се надополнуваат – – изјави на прерс конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните беа сведоци дека на таканаречениот синдикален протест имаше лица со обележја на СДСМ. Обележјата на СДСМ и промотивниот материјал може да го видите и вие на фотографиите зад мене.






Ова е само доказ дека синдикалците не се организирале сами, дека на синдикалците им помагале локалните штабови на СДСМ. И тоа им помагале во целата организација на вчерашниот протест. Им помагале лица на СДСМ од Куманово, Тетово, Струмица и слично.

Настанот вчера беше само доказ дека има равенство помеѓу ССМ и СДСМ, односно дека ССМ и СДСМ се едно исто. Во конкретниов случај ССМ и СДСМ ги злоупотребуваат работниците и нивните права само да бидат видливи на општествената сцена.

Да нема забуни, ВМРО-ДПМНЕ постојано стои зад работниците и нивните права.

ВМРО-ДПМНЕ прави сѐ што може за да се подобри стандардот на секој еден граѓанин.

ВМРО-ДПМНЕ го почитува правото на работниците да протестираат и да ги бараат своите работнички права, меѓу кои и повисока плата. Но, ова што се случува не е протест на работници, не е протест за работнички права. Ова е игра на ССМ и СДСМ да бидат видливи како фактор на пошироката општествена сцена, игра посебно на СДСМ која како партија сигурно се движи кон пропаст.

ВМРО-ДПМНЕ само сака секој да може да ги реализира своите права, а не да биде употребуван или злоупотребуван од различни центри, како во случајов од СДСМ и ССМ – рече Петрушевски.

Поврзани содржини