ЧЛЕНОВИ НА СДСМ НАМЕСТО ДА ЈА ЗАЈАКНУВААТ ПАРТИЈАТА ОРГАНИЗИРААТ СИНДИКАЛНИ ПРОТЕСТИ За Петрушевски денешниот протест е измама на работниците

Пратеникот тврди дека организаторите на протестите Мирослав Павловски, Бранко Георгиев и Оливер Трајковски се членови на СДСМ.

165

Барањата на работниците се едно и работниците имаат право да бараат остварување на истите. Но, начинот на кој се организирани овие денешни протести е се само не синдикална активност и борба за остварување на работничките права. Овие примери и организацијата на денешниот протест покажува само едно дека стои знак на равенство помеѓу ССМ и СДСМ, рече на денешната прес конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Тој додаде дека опозициската СДСМ поради немањето идеи застануваат зад секој кој ќе најави протести.






-Зад денешните протести јавноста јасно виде дека наместо ССМ, стои СДСМ односно нивни луѓе ги организираат работниците низ Македонија за да дојдат денес во Скопје. Колку за илустрација, во Тетово, како и од тој регион работниците ги организираше истакнатиот член на СДСМ, Мирослав Павловски. Работниците од Струмица и околината ги организираше Бранко Георгиев. Тој е поранешен раководител во струмичкото Јавно претпријатие „Комуналец” во време на СДС. Оливер Трајковски кој води штаб на СДС во Куманово и е вработен во тамошното Јавно претпријатие „Чистота и зеленило” ги организира работниците од Куманово и кумановско – рече Петрушевски.

Тој појасни дека сите тие други луѓе од СДСМ кои се во организацијата на денешниот протест,

За пратеникот е нејасно зошто овие членови на СДСМ наместо да ја зајакнуваат партијата која се движи кон пропаст решиле да организираат протести на ССМ.

 

Поврзани содржини