МАКЕДОНСКИОТ ИКТ СЕКТОР РУШИ РЕКОРДИ Лани извозот на секторот е зголемен за 7%
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека најголемиот дел од извозот доаѓа од компјутерските услуги, кои достигнаа речиси 600 милиони евра.
Извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигнал 676 милиони евра, што претставува раст од 7% во однос на 2024 година, соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на Фејсбук.
Според него, македонската ИКТ индустрија продолжува да руши рекорди.
„ Особено значајно е што ИКТ секторот остварува постојан раст и позитивен трговски биланс“, напиша Андоновски.
Во 2025 година, увозот на ИКТ услуги изнесувал 197 милиони евра, што, според него, значи дека нето ефектот за економијата е суфицит од 438 милиони евра.
„Најголемиот дел од извозот доаѓа од компјутерските услуги, кои достигнаа речиси 600 милиони евра. Овие резултати уште еднаш покажуваат дека ИКТ секторот станува еден од клучните двигатели на економскиот раст, извозот и технолошката трансформација на нашата економија“, пишува Андоновски.