ПРЕД НАОМИ КЕМПБЕЛ, СИНДИ КРАФОРД И КЛАУДИЈА ШИФЕР, БЕШЕ ЏИЈА КАРАНГИ Трагичната судбина на модната икона која почина на само 26 години

Пред Наоми Кемпбел, Синди Крафорд и Клаудија Шифер да станат глобални суперѕвезди, светот на модата го владееше девојка по име Џија Каранги, убавица чија блескава кариера заврши исто толку брзо колку што започна, на само 26 години. За неа е снимен и филм во кој нејзиниот лик ѝ беше доверен на Анџелина Џоли

120

Џија Каранги беше една од првите светски супермодели и едно од најпрепознатливите модни лица од крајот на 1970-тите. Со својот маслинест тен, густа темна коса и андрогин привлечен изглед, таа брзо го освои светот на модата и стана симбол на гламурот на една ера. Но, зад нејзината блескава кариера стоеше трагична животна приказна која заврши прерано, на 27-годишна возраст.

Родена во 1960 година во Филаделфија, Џија пораснала во турбулентно семејство. Нејзините родители често се карале, а нејзината мајка повремено го напуштала домот, што оставило длабок белег на нејзиното детство. Како девојче, таа поминала и низ трауматски искуства кои дополнително ја обележале.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gia Marie Carangi (@gia.carangi)

За време на средношколските денови во Филаделфија, таа го развила својот препознатлив момчешки стил и отворено зборувала за својата бисексуалност.

Била голем обожавател на Дејвид Боуви, особено за време на неговата андрогина фаза Зиги Стардаст, и често излегувала во клубови и барови на LGBTQ сцената во градот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gia Marie Carangi (@gia.carangi)

Својата кариера ја започнала како тинејџерка, позирајќи за реклами во локалните весници. Кога ѝ било кажано дека има изглед за супермодел, таа одлучила сама да оди во Њујорк. На само 17 години, потпишала договор со престижната агенција Вилхелмина Моделс и речиси веднаш почнала да добива работа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gia Marie Carangi (@gia.carangi)

Брзо станала едно од најбараните лица во модната индустрија. Се појавила на насловните страници на списанијата Вог и Космополитан и работела за големи модни куќи како што се Армани, Кристијан Диор, Версаче и Ив Сен Лоран. Често соработувала со познатиот фотограф Франческо Скавуло, а се појави и во музичкото видео на Блонди за песната Atomic.

На врвот на нејзината слава, таа живеела гламурозен живот, редовно излегувајќи во легендарниот њујоршки клуб Студио 54, симбол на хедонизам во тоа време. Во овој период почнаа да се појавуваат гласини за нејзината зависност од дрога.

Зависноста од хероин наскоро почнала да влијае на нејзината кариера. Фотографите сметале дека е сè потешко да работат со неа, а ангажманите почнале да се намалуваат. Голем удар за неа била смртта на нејзината менторка Вилхелмина Купер и раскинувањето на нејзината врска со визажистката Сенди Линтер.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gia Marie Carangi (@gia.carangi)

Веќе на почетокот на 1980-тите, нејзината кариера почнала нагло да опаѓа. Се обидела да најде нов почеток и да се лекува од зависност, но проблемите постојано се враќале. Нејзината последна насловна страница била за Космополитан во 1982 година.

Во годините што следеле, нејзиниот живот станувал сè потежок – без стабилна работа и борејќи се со зависност. Кон крајот на 1985 година, таа повторно почнала да користи хероин, а во еден момент се обидела да се самоубие со предозирање.

Во декември истата година, била хоспитализирана поради тешка пневмонија, а лекарите наскоро ѝ дијагностицирале компликации поврзани со СИДА. Во тоа време, болеста сè уште беше опкружена со голема стигма.

Џија Каранџи починала на 18 ноември 1986 година, во болница во Филаделфија, на само 26-годишна возраст.

Иако нејзиниот живот беше краток, таа остави силен белег во модната индустрија. Таа се смета за една од првите вистински супермодели, а многумина тврдат дека токму нејзиниот изглед подоцна им отворил врата на модели како Синди Крофорд, која поради нејзината сличност го добила прекарот „Baby Gia“.

Нејзината приказна повторно привлече големо внимание од јавноста во 1998 година, кога Анџелина Џоли ја играше Џија во филмот на HBO „Џија“. Филмот го откри драматичниот живот зад модниот гламур и нè потсети колку беше брз и шокантен нејзиниот подем, но и нејзиниот пад.

Поврзани содржини