ВОЗАЧИТЕ ДА СЕ ПОДГОТВАТ ЗА БЛОКАДА НА СКОПЈЕ Маршот на синдикалците ќе го затвори центарот на градот

Синдикалниот протест што ќе се одржи утре во Скопје ќе предизвика привремени ограничувања и пренасочувања на сообраќајот по главните улици во центарот.

1,761

Во Скопје утре ќе има изменет режим на сообраќај поради протест што го организира Сојуз на синдикатите на Македонија.

Протестниот марш ќе започне во 12:05 часот пред седиштето на синдикатот на улицата Мирче Ацев, по што учесниците ќе се движат по улиците Филип Втори Македонски, 11 Октомври, Димитрие Чуповски и Васил Главинов, а потоа по булеварите ВМРО и Илинден сè до зградата на македонската Влада.






Поради протестот, сообраќајната полиција ќе воведе привремени ограничувања и пренасочувања на возилата по трасата на движење.

Од Министерство за внатрешни работи апелираат граѓаните да ги почитуваат упатствата на полициските службеници и да бидат внимателни при движење во централното градско подрачје.

Поврзани содржини