📽️ ДРОНОВИ МУ НОСЕЛЕ ХРАНА И МУНИЦИЈА Руски војник преживеал сам 68 дена на фронтот, Путин го награди

21-годишниот Сергеј Јарашев бил отсечен од својата единица во Донбас и два месеци ја бранел позицијата сам, додека храната и муницијата му пристигнувале со дронови.

327

Млад руски војник успеал сам да ја задржи својата позиција на фронтот во источна Украина дури 68 дена, одбивајќи повеќе напади и испраќајќи разузнавачки информации до својата команда.

Станува збор за 21-годишниот Сергеј Јарашев, кој се нашол отсечен од главните руски сили за време на борбите во регионот Доњетската Народна Република (ДНР). Според руските медиуми, тој бил првиот кој влегол во позициите на украинските сили за време на напад и успеал да уништи неколку нивни стрелни точки.






По борбата, Јарашев останал изолиран од својата единица и два месеци ја бранел позицијата сам. Во тој период, како што се наведува, испраќал разузнавачки информации до руската команда и одбивал повеќе напади од украински нападни групи.

Муницијата и храната, според извештаите, му биле доставувани со беспилотни летала.

За овој подвиг, рускиот претседател Владимир Путин му ја додели највисоката државна награда – титулата Херој на Русија.

 

Поврзани содржини