ЦЕНАТА НА НАФТАТА СТАГНИРА Меѓународната агенција за енергетика предложи земјите да ги ослободат стратешките резерви

Цената на барел на лондонскиот пазар утрово падна за 0,4% на 87,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барел се зголеми за 0,3 % на 83,75 долари.

424

Цените на нафтата утрово стагнираат по големите флуктуации на почетокот на неделата иако Иран сè уште не дозволува танкери да минуваат низ Ормутскиот теснец, што не го спречува извозот на нафта од Блискиот Исток.

Цената на барел на лондонскиот пазар утрово падна за 0,4% на 87,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барел се зголеми за 0,3% на 83,75 долари.






Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предложи досега најголем пласман на нафта од резервите со цел да се намалат цените.

Предлогот вчера бил разгледуван на итен состанок на енергетските претставници. Според информациите предлогот  би ги надминал 182-та милиони барели што земјите членки ги пуштија на пазарот во две транши во 2022 година, по руската инвазија врз Украина,  што би било најголемо поединечно ослободување резерви досега.

Предлогот би можел да биде одложен доколку се спротивстави само една земја.

Се очекува денеска земјите да одлучуваат за предлогот.

Според организацијата што ги координира ослободувањата на стратешките резерви, земјите (32) што се членки на МАЕ заеднички поседуваат најмалку 1,2 милијарда барели нафта во јавни итни резерви.

 

Поврзани содржини