МВР СО 21 КРИВИЧНА ПРИЈАВА И 5 ПРИТВОРИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Во 2 недели се регистрирани 25 случаи, 39 поврзани настани и 63 поплаки

За две недели регистрирани се 25 кривични дела поврзани со семејно насилство. Полицијата поднесе 21 кривична пријава и се одредени 5 мерки притвор. Од МВР наведуваат дека во последните години се бележи тренд на зголемување на бројот на мерки притвор изречени во случаи на семејно насилство. Овој тренд е особено изразен во 2025 година и продолжува и во 2026 година, по законските измени и примената на брза постапка за вакви дела.

541

Министерството за внатрешни работи во последните две недели поднело 21 кривична пријава за вкупно 25 кривични дела поврзани со семејно насилство. Од нив, шест пријави се поднесени по брза постапка.

Покрај ова, на подрачјето на СВР Скопје се поднесени уште пет кривични пријави за родово базирано насилство, соопшти МВР. Три се однесуваат на кривично дело „загрозување на сигурноста“, а две на кривично дело „демнење“.






Во овие случаи се определени пет мерки притвор и една мерка претпазливост.

Најчести се закани и телесни повреди

Најголем дел од кривичните дела поврзани со семејно насилство се „загрозување на сигурноста“ – 11 случаи. Регистрирани се и 10 кривични дела „телесна повреда“, се вели во соопштението.

Покрај нив, евидентирани се и по едно кривично дело за „тешка телесна повреда“, „неизвршување судска одлука“, „противправно лишување од слобода“, „обид за убиство“ и „полов напад и силување“.

За случајот со „обид за убиство“ во Скопје од пред неколку дена, сторителот е лишен од слобода.

„Се преземаат интензивни мерки за целосно документирање на случајот и поднесување соодветна кривична пријава“, соопшти МВР.

Најмногу пријави во Скопје и во Струмица

Според податоците на МВР, по подрачја пријавите се распределени на следниот начин.

СВР Скопје поднело 5 кривични пријави.
СВР Струмица исто така поднело 5 пријави.
СВР Охрид поднело 4 пријави.
СВР Штип поднело 3 пријави.
СВР Куманово поднело 2 пријави.
По 1 пријава поднеле СВР Тетово и СВР Велес.

39 настани поврзани со семејно насилство и 63 поплаки

Во истиот двонеделен период на територијата на целата држава биле пријавени 39 настани поврзани со семејно насилство и 63 поплаки од граѓани.

Од МВР наведуваат дека во последните години се бележи тренд на зголемување на бројот на мерки притвор изречени во случаи на семејно насилство.

Овој тренд е особено изразен во 2025 година и продолжува и во 2026 година, по законските измени и примената на брза постапка.

Поврзани содржини