МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ЌЕ ОРГАНИЗИРААТ ЗAЕДНИЧКИ ТУРИСТИЧКИ ТУРИ Манастирите, гастрономијата и Охридското Езеро во прв план

Министрите за кутура и туризам Љутков и Гонџја ја потенцирале и важноста од координиран настап на трети пазари преку B2B-настани и презентации пред туроператори, со цел регионот да се промовира како единствена туристичка целина.

237

Развој на заеднички туристички производи во Охридско-преспанскиот Регион како и креирање заеднички туристички рути и културно-историски тури што ги поврзуваат манастирите, традицијата и гастрономијата во Македонија и во Албанија биле тема на разговорот што ги имале министрите за култура и туризам на Македонија и Албанија  Зоран Љутков  и Бленди Гонџја на маргините на светската туристичка берза „ИТБ Берлин”, соопшти Министерството за култура и туризам.

Како што е соопштено, се разговарало и за можностите за развој на еколошки и авантуристички понуди, вклучувајќи планинарење, езерски тури и велосипедски патеки.






Министрите ја потенцирале и важноста од координиран настап на трети пазари преку B2B-настани и презентации пред туроператори, со цел регионот да се промовира како единствена туристичка целина. Притоа била истакната и улогата на македонскиот Културно-информативен центар во Тирана како платформа за промоција на македонската култура и уметност.

Во фокусот на разговорите бело и продлабочувањето на соработката меѓу граничните региони, како и можностите за заеднички апликации за европски фондови ИПА и Интеррег (IPA и Interreg).

Поврзани содржини