ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ СЕ ИСТУРЕНИ ИГРАЧИ НА РУСКАТА ПОЛИТИКА Скандалот со пасошот за криминалецот Онишченко е доказ

Онишченко, кој беше баран со меѓународна потерница од Украина, сега веќе и осуден на 15 години затвор за перење пари, ниедн држава не сакаше да го прими, само Македонија предводена од Зоран Заев, Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски и Виктор Димовски му даде државјанство, под превезот дека ќе настапува за македонскиот национален тим за јавање коњи, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

264

СДСМ, Венко Филипче и Зоран Заев се истурени играчи на руската политика во Македонија, а доказ за тоа е скандалот со доделувањето државјанство на рускиот државјанин Онишченко, човек кој е осуден на затворска казна од 15 години за перење пари и за корупција во Украина, обвини денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

– Да ја потсетиме јавноста дека контроверзниот политичар Онишченко бил член на проруската партија на тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович. Онишченко, кој бил во бегство од Украина и тамошните правосудни органи, во време на СДСМ доби државјанство од Македонија, откако претходно секоја нормална држава истото не му го приушти, нити пак му беше дозволен престој. Човек кој е баран со меѓународна потерница од Украина, во тоа време осомничен за перење пари, а сега веќе и осуден на 15 години затвор, никој не сакаше да го прими во својата држава, само Македонија предводена од СДСМ, од Заев, Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски и Виктор Димовски, се потрудија да му дадат државјанство, под превезот дека ќе настапува за македонскиот национален тим за јавање коњи – рече Лефков.






Под голем притисок на ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните, СДСМ не издржа и државјанството на Онишченко беше поништено, додаде Лефков.

– Руското влијание и политика во Македонија единствено имаат влез преку СДСМ, Заев и Филипче. Но, остана неодговорено прашањето за тогашните гласини дека поранешен вицепремиер задолжен за економски прашања се обидувал да исконтактира со ова лице и да прави економски ангажмани со него. Со оглед на тоа дека прорускиот политичар Онишченко беше претставен од тогашната власт како спортист кој ќе јава коњ за Македонија на Олимпијада, легитимно е да добиеме одговор, која била целта на СДСМ за негово вдомување во Македонија и дали некој добро се нафатирал за овој случај – праша пратеникот Миле Лефков.

Поврзани содржини