НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ НАУТРО, ДО 20 СТЕПЕНИ ПРЕКУ ДЕН Следи приод на суво и сончево време

Следува период на стабилно и суво време под влијание на висок воздушен притисок. Четврток и петок ќе дува умерен северозападен ветер, а утринските температури ќе бидат ниски, со дневни до 20 степени.

50

Под влијание на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, со исклучок на четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок се очекува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, особено поизразен долж Повардарието.

Утринските температури ќе бидат ниски, додека преку ден ќе достигнуваат до 20 степени.






За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 13 до 17 степени.

Поврзани содржини