АЈАТОЛАХОТ ХАМНЕИ СПОРЕД ИЗРАЕЛ Е МРТОВ, АРАГЧИ ВЕЛИ ДЕКА Е ЖИВ Неговата резиденција во Техеран е целосно уништена

Сите високорангирани функционери се живи. Така што сите сега се на своите позиции и ние се справуваме со оваа ситуација, и сè е во ред, вели иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

1,380

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека врховниот водач на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, е сè уште жив, „колку што тој знае“.

Арагчи даде интервју за Ен-Би-Си Њуз, откако израелскиот Канал 12 објави дека Израел проценува дека Хамнеи е „веројатно убиен“ во денешните израелски воздушни напади.






Зборувајќи во живо, Арагчи исто така рече дека двајца команданти загинале во нападите, но оти високи функционери преживеале.

– Сите високорангирани функционери се живи. Така што сите сега се на своите позиции и ние се справуваме со оваа ситуација, и сè е во ред – рече тој.

Медиумите денеска објавија сателитска снимка на која се гледа дека е уништена официјалната резиденција на алатолахот Хомнеи.

Израелските медиуми објавија дека Израел „проценува“ дека иранскиот врховен водач Али Хамнеи најверојатно е убиен.

Како што пренесе Тајмс оф Израел, постојат „сè поголеми индиции“ во таа насока.

Засега нема официјална потврда на извештајот.

Телевизиска станица претходно објави дека израелската процена е дека Хамнеи е „во најмала рака повреден“ и дека тоа не е процена заснована на сателитски снимки кои покажуваат дека претседателскиот комплекс на Хамнеи е срамнет со земја, туку на информации од неименувани извори.

Според извештаите, се очекува Хамнеи набрзо да одржи обраќање. Телевизискиот извештај сугерира дека, доколку се случи тоа, истото било снимено однапред.

Канал 12 известува дека денешните напади предизвикале „многу значителна штета на раководството на иранскиот режим и неговите воени команданти.

ЦЕЛТА НА ВОЈНАТА Е ДА СЕ УБИЈАТ АЈАТОЛАХОТ ХАМНЕИ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕЗЕШКИЈАН Израел им заблагодари на САД за „историската и храбра одлука“

Поврзани содржини