🎥 ОПЕРАЦИЈА „ЕПСКИ БЕС“ СЕ ИСТУРА ВРЗ ИРАН Трамп ги повика иранските војници да се предадат или да умрат

Животите на храбрите американски херои може да бидат изгубени, а може да имаме и жртви, но тоа често се случува во војна. Го правиме ова за иднината и тоа е благородна мисија, вели американскиот претседател Доналд Трамп.

1,930

Министерството за војна на САД соопшти дека американската воена  операција врз Иран се наречена „Епски бес“.

Минатогодишните американски воздушнии напади врз нуклеарните постројки на Иран имаа кодно име „Полноќен чекан“.






Претседателот Доналд Трамп во видеообјавено на социјалните мрежи изјави дека САД започнале „големи борбени операции во Иран“, затоа што Техеран продолжи да ја развива својата нуклеарна програма и планира да развива ракети, за да стигне до САД.

– Животите на храбрите американски херои може да бидат изгубени, а може да имаме и жртви. Тоа често се случува во војна. Но, ние го правиме тоа за сега. Го правиме тоа за иднината и тоа е благородна мисија – рече Трамп во видеото.

 

Трамп апелираше до иранскиот народ „да ја преземе власта“.

Ги повика припадниците на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, вооружените сили на Иран, да го положат оружјето, ветувајќи дека за возврат ќе им биде даден имунитет. Втората опција, според Трамп, е „сигурна смрт“.

Рече дека нападите првенствено се извршуваат од носачите на авиони кои на територијата на Блискиот Исток.

Се очекува на американските граѓани да им се обрати и министерот за војна на САД, Пит Хегсет.

Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека освен во Техеран, експлозии има и во градот Исфахан, во централен Иран, и во западната покраина Илам во близина на границата со Ирак.

Во меѓувреме, Иран почна контранапад со повеќе од 30 ракети, а последиците од ударот сè уште не се откриени.

Во Иран целосно е исклучен интернетот.

 

🎥 ТРАМП НАЈАВИ ГОЛЕМИ БОРБЕНИ ОПЕРАЦИИ ВРЗ ИРАН Режимот во Техеран е закана за САД

Поврзани содржини