ПОЧИНА АКТЕРОТ ОД ПОЗНАТАТА СЕРИЈА „ЖИЦАТА“ Боби Џеј Браун настрадал во пожар
Најпознат по улогата на полицаецот Боби Браун во познатата телевизиска серија „Жицата“ (The Wire), Боби Џеј Браун (62) починал од вдишување чад за време на смртоносниот пожар кој избувнал откако влегол во шталата за да го запали автомобилот со помош на кабли.
Американскиот актер Боби Џеј Браун (62) почина во несреќен случај, од вдишување чад, на 25 февруари. Смртоносниот пожар избувнал откако Боби влегол во шталата за да го запали автомобилот со помош на кабли.
Според Канцеларијата на главниот судски вештак на Мериленд, причината за смртта е дифузна термална повреда и вдишување чад и е класифицирана како несреќен случај.
Според членовите на семејството, Браун влегол во шталата за да стартува возило со кабли кога избувнал пожарот. Подоцна се јавил на роднина барајќи противпожарен апарат, но кога пристигнала помошта, објектот веќе бил зафатен од пламен. Неговата сопруга се здобила со тешки изгореници додека се обидувала да го спаси.
Боби е најпознат по улогата на полицаецот Боби Браун во хит серијата на HBO „Жицата“… Иако е најпознат по оваа улога, тој глумеше и во други ТВ проекти за Дејвид Сајмон, вклучувајќи ги Homicide: Life on the Street (Убиство: Живот на улица), The Corner (Аголот) и We Own This City (Ние го поседуваме овој град).
На филмското платно играше во „Љубов на потешкиот начин“ (Love the Hard Way), „Мој еден и единствен“ (My One and Only) и „Однатре“ (From Within). Освен со актерство, тој се занимаваше и со режирање и правеше документарци, за кучиња од расата питбул и за музичката група „Парламент Фанкаделик“.
Роден во Вашингтон, кариерата ја започнал како професионален боксер. За глумата се заинтересирал откако го гледал Мики Рурк на снимањето на филмот „Момчето од маало“ (Homeboy).
Неговиот агент изјави дека Браун бил исклучително посветен на актерската уметност и задоволство било да се соработува со него. Семејството наведе дека бил посветен верник, припадник на Јеховините сведоци.