ХОКИНГ МЕЃУ ДЕВОЈКИ ВО БИКИНИ НА ОСТРОВОТ НА ЕПСТИН Снимка од 2006 повторно ја разгоре контроверзата околу физичарот

Фотографија од Девствените Острови го врати името на физичарот Стивен Хокинг во досиејата на сексуалниот престапник Џефри Епстин и повторно ја отвори темата за неговото присуство на конференцијата на островот Литл Сент Џејмс во 2006 година.

268

Документи од американското Министерство за правда повторно го отворија случајот „Епстин“. Меѓу материјалите се појави и фотографија од покојниот физичар Стивен Хокинг.

На сликата физичарот лежи на плажа со 2 жени во бикини. Не е познат точниот датум. Се знае дека во 2006 година присуствувал на научна конференција организирана од сексуалниот престапник Џефри Епстин на Девствените Острови.






„Научниот филантроп Епстин“

Се смета дека фотката е снимена 5 месеци пред Епстин да биде обвинет за подведување малолетници. Хокинг бил дел од група од 21 научник што го посетиле Свети Тома и приватниот остров Литл Сент Џејмс.

На блог на фондацијата поврзана со Епстин било наведено дека гостите се собрале за „разговори, одмор на плажа и патување до блискиот приватен островски одмор на научниот филантроп Џефри Епстин, кој го финансираше настанот“. Конференцијата се одржала во хотелот „Риц-Карлтон“.

Ноќевањето, според медиумски извештаи, чинело околу 1.600 долари.

250 спомнувања, малку докази

Хокинг се појавува најмалку 250 пати во над 3,5 милиони документи. Самото споменување не значи кривично дело.

Во објавени електронски пораки од Епстин се појавуваат неосновани тврдења поврзани со Вирџинија Џуфре.

„Можете да понудите награда на секој пријател, познаник или член на семејството од Вирџинија кој ќе се појави и ќе помогне да се докаже дека нејзините обвинувања се лажни. Најсилна (лага) е вечерата со Клинтон и новата верзија на Девствените Острови дека Стивен Хокинг учествувал во оргии со малолетници “, напишал Епстин.

Обвинувањата не се поткрепени со докази.

Џуфре почина во април 2025 година. Таа го обвини принцот британаскиот принц Ендру за сексуален напад. Случајот беше решен надвор од суд. Принцот се согласи на исплата од 12 милиони фунти, без признание на вина.

Ендру неодамна беше уапсен, па пуштен од британската полиција и е под истрага за злоупотреба на службената должност.

9,1 милиони за Харвард од Епстин

Досиејата сугерираат дека сексуалнит претстапник Епстин се претставувал како филантроп. Остварил контакти со научници и универзитети. Универзитетот Харвард соопштил дека примил 9,1 милиони долари донации од него меѓу 1998 и 2008 година.

Федералното истражно биро примило и непотврдена дојава дека Епстин и Хокинг посетиле „геј клуб само за мажи“ во 2011 година. Нема јавно објавени докази што ја потврдуваат таа информација.

Хокинг почина во 2018 година на 76 години. Боледуваше од амиотрофична латерална склероза повеќе од 50 години.

Поврзани содржини