📽️ ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО УЧЕСТВУВАШЕ ВО СООБРАЌАЈКА Повреден возач по судар со возило на МВР во Црниче

Судир меѓу службена „октавија“ на МВР и „фабиа“ на улицата Востаничка.

861

Сообраќајна несреќа во која учествувало службено возило на Министерството за внатрешни работи се случи денеска претпладне во скопската населба Црниче.

Несреќата била пријавена денес околу 11:30 часот на улицата Востаничка, каде се судриле „шкода октавија“ сопственост на МВР и „шкода фабиа“, двете со скопски регистарски ознаки.






Во незгодата повреден е возачот на службеното возило, кој бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Од МВР информираат дека увидот е во тек, а за настанот се известени јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола.

Поврзани содржини