ГОРЕ ЕЛЕГАНТНО САКО, ДОЛЕ ТЕКСАС БЕРМУДИ Хрватскиот водител ја откри тајната која ја крие водителскиот пулт и ги насмеа своите следбеници

Водителот на вестите на хрватската Нова ТВ, 63-годишниот Саша Копљар, ги изненади своите следбеници на Инстаграм објавувајќи фотографија на која се открива неговата „тајна“ водителска комбинација.

103

Додека ги води вестите, тој носи елегантно сако, како и секогаш, а долу – бермуди од џинс. Покрај фотографијата која ја сподели на Инстаграм, водителот напиша: „Мојот стил пред Иван Фришчиќ да ме земе во свои раце“, споменувајќи го познатиот хрватски стилист и дизајнер кој се грижи за неговите телевизиски комбинации, како и за оние на неговата колешка Ромина Кнежиќ.
И додека гледачите на вестите на Нова ТВ го гледаат секој ден во беспрекорни, елегантни комбинации, Саша Копљар сега ја откри тајната која ја крие зад водителскиот пулт и ги насмеа своите следбеници на Инстаграм со објава од студиото која открива што гледачите не гледаат за време на емитувањето.

Фото: Принтскрин





Имено, Копљар сподели фотографија направена за време на еден Дневник во август 2017 година, кадешто во преден план беше неговата модна комбинација, која на прв поглед даваше впечаток на класична елеганција. Во сако, кошула и вратоврска, водителот изгледаше подготвен за уште едно сериозно издание на информативната емисија.

Но, долниот дел од стајлингот откри сосема поинаква приказна.

Под масата, скриен од камерите, Копљар носеше тексас бермуди и патики – удобна комбинација што совршено се вклопува во лежерната атмосфера зад сцената, но никогаш не доаѓа до израз во телевизиското емитување.

 

Неговата искрена и хумористична објава брзо го привлече вниманието на неговите следбеници, на кои им беше даден редок увид во атмосферата зад камерите на една од најгледаните информативни емисии во Хрватска.

Копљар работи во Нова ТВ од 2003 година.

Поврзани содржини