📽️ ЏИНОВСКА АЈКУЛА СНИМЕНА КАЈ ХРВАТСКИ ОСТРОВ Се работи за втор најголем вид во светот

Примерок на џиновска ајкула во близина на Црес го привлече вниманието на научниците. Видот е редок во Јадранот, но не претставува опасност за луѓето.

3,121

Редок, но импресивен морски гостин беше снимен во морето кај хрватскиот остров Црес. Според Институтот „Син свет“, најверојатно станува збор за таканеречената џиновска ајкула, Cetorhinus maximus, вториот најголем вид ајкула во светот.

Заклучокот го темелат врз карактеристичната форма на грбната перка, иако снимката не е целосно јасна.






Џиновската ајкула е редок, но постојано присутен вид долж источниот Јадран. Најчесто се забележува во северниот дел, особено во Кварнерскиот залив.

Областа е позната по висока биомаса на зоопланктон, што ја прави привлечна за овој филтер-хранител.

Џиновската ајкула може да достигне должина од повеќе од 10 метри. Се храни со планктон, филтрирајќи морска вода со широко отворена уста.

Видот е миграторен и не претставува опасност за луѓето.

Од Институтот „Син свет“ порачале:

„Со учество на јавноста во собирањето податоци добиваме вредни информации што им помагаат на научниците во истражувањето и заштитата на морето. Секоја фотографија и секој запис придонесуваат за подобро разбирање и зачувување на морскиот екосистем“.

Поврзани содржини