ПУТИН ИМ ГО ИСКЛУЧУВА ИНТЕРНЕТОТ НА РУСИТЕ Потпиша закон кој им дава посебни овластувања на безбедносните служби

Во последните месеци, руските власти се обидуваат да најдат начини да спречат влегување на украински беспилотни летала во рускиот воздушен простор. Во многу случаи, беспилотните летала користат руски сигнали за податоци за да летаат кон цели, понекогаш и на долги растојанија.

205

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој ѝ се дава на Федералната служба за безбедност (ФСБ) овластување да го исклучи интернетот во земјата, објави Радио Слободна Европа.

Законот е најновиот во низата прописи што ја заоструваат можноста на властите да ограничуваат вести и информации во Русија.






Новата мерка, усвоена од пратениците претходно оваа недела, ѝ дава на службата за безбедност овластување да бара од давателите на интернет услуги, мобилни или фиксни, да го исклучат или ограничат пристапот во случаи „утврдени со регулаторни правни акти на претседателот на Руската Федерација“.

Овој потег му овозможува на Путин лично да одлучи кога интернет комуникациите треба да се исклучат во земјата или во одреден регион, без да мора да наведува причина.

Исто така, се отстранува каква било одговорност на давателот на услуги за постапување по таква наредба.

– Само претседателот може да воведе ограничувања- вели адвокатот и долгогодишен интернет активист Саркис Дарбињан.

Како што изјави тој, претседателските декрети се поедноставни од владините декрети.

Во последните месеци, руските власти се обидуваат да најдат начини да спречат влегување на украински беспилотни летала во рускиот воздушен простор. Во многу случаи, беспилотните летала користат руски сигнали за податоци за да летаат кон цели, понекогаш и на долги растојанија.

Властите, исто така, го засилија притисокот врз популарните интернет алатки, особено апликациите за пораки како WhatsApp и Telegram.

Двете апликации се значително забавени како дел од владините напори да ги охрабрат Русите да ја користат апликацијата Max, поддржана од државата.

Според еден извештај, Telegram би можел да биде целосно блокиран од 1 април.

Технолошкиот регулатор Роскомнадзор го обвини Telegram, основан од протераниот претприемач Павел Дуров, за создавање пазар за протечени лични податоци на руски граѓани.

Поврзани содржини