ЛИНЗИ ВОН СЕ ОГЛАСИ ПО ОПЕРАЦИЈАТА КОЈА ТРАЕЛА ШЕСТ ЧАСА Закрепнувањето оди тешко

Со оглед на сериозноста на повредата, имам одредени потешкотии по операцијата и сè уште не сум отпуштена од болница, напиша Вон.

138

Американската скијачка Линдзи Вон се огласи од болницата и потврди дека нејзината последна, петта операција поминала добро, но дека закрепнувањето е исклучително тешко.

„Ја преживеав операцијата… траеше малку повеќе од шест часа. Како што можете да видите, беа потребни многу метални плочки и шрафови за повторно да се состави сè, но доктор Хакет направи неверојатна работа.
Со оглед на сериозноста на повредата, имам одредени потешкотии по операцијата и сè уште не сум отпуштена од болница… но набргу ќе бидам. Малку по малку. Наскоро ќе објаснам за каква повреда станува збор и што значи сето тоа“ – напиша Линзи Вон во својата објава на Фејсбук.






Засега не е познато колку ќе трае закрепнувањето на една од најтрофејните скијачки во историјата, но јасно е дека ја чека долг и исцрпувачки процес на рехабилитација.

Во 2010 година, Вон освои олимписко злато во спуст, а во 2019 година ја заврши кариерата како најуспешна скијачка на сите времиња. Таа имаше серија сериозни повреди на ногата зад себе, а по делумна замена на десното колено, ја шокираше јавноста кога го најави своето враќање на натпреварите во 2024 година. Оттогаш, таа постигна осум пласмани на подиумот на Светскиот куп, вклучувајќи две победи, поради што многумина ја сметаа за сериозен кандидат за медал на нејзините петти и последни Олимписки игри.

Сепак, и покрај фактот дека таа ги скина предните вкрстени лигаменти (ACL) на последната трка од Светскиот куп пред Игрите – една од најсериозните спортски повреди што бара операција и најмалку шест месеци пауза – таа одлучи да настапи во Кортина, место каде што постигна бројни успеси во текот на својата кариера. А таму се случи страшен пад, тешка повреда и пет операции за само две недели.

Поврзани содржини