ЕУ ВО ИСЧЕКУВАЊЕ НА СЛЕДНИОТ ПОТЕГ НА ТРАМП Тарифите паднаа на Врховен суд, што сега?

Преовладува очекување во Европската Унија дека администрацијата на Трамп повторно ќе воведе царини преку други средства, како што направи за европски челик и алуминиум.

91

Европската унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави ги поништи сеопфатните царини на претседателот Доналд Трамп со пресуда од 6-3, пишува „Политико“.

– Во близок контакт сме со американската администрација и чекаме разјаснување за чекорите што тие планираат да ги преземат како одговор на оваа пресуда“, изјави Олоф Гил, заменик-главен портпарол на Европската комисија.






– Компаниите од двете страни на Атлантикот зависат од стабилноста и предвидливоста во трговските односи. Затоа продолжуваме да се залагаме за ниски царини и да работиме на нивно намалување – додаде Гил.

Преовладува очекување во Европската Унија дека администрацијата на Трамп повторно ќе воведе царини преку други средства, како што е преку истраги според Член 232, кој веќе воведе царини за европски челик и алуминиум во минатото.

– Ја следевме оваа одлука, но очекуваме американската администрација да користи други правни инструменти за повторно воведување царини – изјави француски дипломат за „Политико“.

Поврзани содржини