ЛАВИНА ЗАТРУПА АВТОБУС ВО АВСТРИЈА Затворен аеродромот во Виена поради снежна бура

Во автобусот имало 11 патници, никој не е повреден.

378

Силен снег направи хаос во Австрија и предизвика многу проблеми, а најмногу ги погоди автопатите во источните и јужните делови на земјата, каде што стотици камиони се заглавени на патиштата.

Во алпската покраина Тирол лавина затрупа автобус со 11 патници. За среќа, никој во автобусот не е повреден.






Поради екстремните услови, полицијата беше принудена да ја затвори обиколницата на Виена во двата правци во целиот дел. Чистењето сè уште е во тек.

Во јужна Австрија под тежината на снегот гранките паѓаа на далноводи, поради што, повеќе од 4.000 домаќинства останаа без електрична енергија.

Меѓународниот аеродром во Виена привремено го прекина авиосообраќајот поради обилни снежни врнежи. Доцнења се сè уште можни. Од 117 летови планирани до 9 часот наутро, 19 беа откажани. Поради континуираната снежна бура, прекинот на работата на аеродромот продолжува.

Поврзани содржини