ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СРБИЈА За двајца е изречена мерка притвор
Овие 10 лица се директно, или индиректно поврзани со произведена дрога – рече министерот Тошковски.
Десет лица се приведени во рамки на истрагата за петте тони марихуана откриени во Србија. Попладнево лицата се изведени пред судија на претходна постапка и за дел од нив е определена мерка притвор, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „ТВ 21“.
Осомничени се дека учествувале во транспортот на марихуаната од Македонија за Србија. Министерот Тошковски денеска се појави во интервју и објави детали за истрагата.
– Во текот на денешниот ден ќе се отпочне со поднесување кривична пријава до ОЈО за гонење организиrан криминал и корупција, која опфаќа 10 лица. Од нив двајца се веќе во притвор. Овие 10 лица се директно, или индиректно поврзани со произведена дрога. Денеска ќе биде поднесена кривична пријава. Имаме основани сомненија дека тие лица се поврзани со транспортот на дрогата, која беше запленета во Србија“, рече министерот Тошковски.