ДЕВОЈКАТА НА ЅВЕЗДАТА НА РЕАЛ МАДРИД ВО ГРАНДИОЗЕН ЦРВЕН КОСТИМ НА КАРНЕВАЛОТ ВО РИО Вирџинија Фонсека го имаше своето деби како Кралица на тапанарите

Бразилската инфлуенсерка и девојка на славниот фудбалер на Реал Мадрид, Винисиус Џуниор дебитираше во престижна улога, а нејзиниот костим малкумина ги остави рамнодушни

73

Вирџинија Фонсека, 26-годишната девојка на ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Џуниор, беше главна ѕвезда на карневалот во Рио де Жанеиро. Таа го имаше своето деби како Кралица на тапанарите, една од најпрестижните улоги на карневалот, како дел од самба школата „Академикос до Гранде Рио“, која парадираше низ самбадромот „Маркез де Сапукаи“ во раните утрински часови во средата (18.02).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Virginia (@virginia)






Вирџинија танцуваше на темата „A Nação do Mangue“, преземајќи ја улогата од познатата актерка Паола Оливеира, која беше на таа позиција седум години.

Самата инфлуенсерка сподели на своите социјални мрежи дека тоа е еден од најважните денови во нејзината кариера  и на социјалнитре мрежи објави видео од себе како се подготвува за настапот.

Пред настапот, таа започна пренос во живо на Twitch кој го гледаа најмалку половина милион гледачи, за нејзините обожаватели да можат да го следат целиот процес: како се шминкаше, кои беа деталите за нејзиниот грациозен црвен костим, но и како самата се подготвуваше за своето големо деби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Virginia (@virginia)

Самиот Винисиус Џуниор ја поддржа во сè и ѝ подари пар патики Mule Nike Mind 001 пред настапот, а таа му направи посвета на забите, каде што го имаше вградено бројот седум направен од кристали.

– Овие работи едноставно ми паѓаат на ум – рече таа за време на преносот во живо пред парадата, објавува CNN. Гледајќи ја објавата за почеста што му ја направила, Винисиус ја искажа својата љубов кон својата девојка. „Излези таму и блесни“, напиша тој, додавајќи црвено срце.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Virginia (@virginia)

Поврзани содржини