„Еколозите“ и манипулации без скрупули!
Имам намера да им се спротиствам на оние кои сакаат да бидат „екологисти“ од лукративни причини, да спречам криминогени дејанија на државни институции кога е во прашање здравјето на нашите деца и во исто време да одработам нашите дечиња да останат со нас.
Ова е првата од низата колумни во кои ќе пишувам за манипулации искажани кон сите наши граѓани на Македонија од страна на „еколозите“.
Пред многу години и нормално колумни напишав дека сум непристоен ПР лобист за отворање рудници и целосна индустријализација која ќе донесе енормен економски бенифит врз целокупното стопанство, но и дека ќе го развие и земјоделството како во Бронзеното време, историски докажано, и дека со тоа нема да ја сопреме ама ќе ја намалиме Белата чума, односно ќе придонесеме за поголема заинтересираност за нашата мила Македонија од демографски аспект.
Но, за жал во нашата држава постојат самопрогласени „еколози“ кои кон нас лобистите се однесуваат на следниов начин. Пренесувам автентична објава од соодветна госпоѓа која ми се обраќа мене и на редакцијата на Плусинфо по повод моја колумна овде објавена со наслов „Сите лаги за рудниците“. И следи навреда и закана лична: „Виктор Грозданов, малце потечен, нездрава боја на тен, тро подзинат…. вистински бранител на рудниците на смртта. Плусинфо кармата ќе ве најде, ако не кармата, ние“. Напоменувам автентично.
Огромен број медиумски играчи, новинари и директори на редакции, ме советуваа веднаш да пристапам кон правосудните органи и тоа без размислување. Сепак одлучив поинаку!
Дали постојат вистински љубители на животната средина?
Апслоутно ДА.
Дали државата е спремна да ги спречи сите аномалии кои се појавуваат со загадување на животната средина? Апсолутно ДА.
И сега нормално се појавуваат личности кои сакаат да ги демантираат моите одговори со Апсолутно ДА и се претставуваат како „еколози“.
За да можеме да се разбереме ќе одиме случај по случај како се лаже.
Госпоѓата која ни се заканува и ја навредува редакцијата на Плусинфо е инаку активист или поддржувач на повеќе самопрогласени здруженија на граѓани кои наводно се грижат за животната средина. Едното од нив е и Зелен хуман град.
Да почнеме од случајот со Цементара Скопје. Наместо да се разработи целосна документација и тоа со докази во три фази ние имаме од страна организацијата Зелен хуман град само ФЛОСКУЛИ и констатација на констатирана констатација: Скопје е загадено, а тоа го знае секој жител на Скопје. При тоа без никаков научен документиран доказ.
И се поставува следнава дилема. Зошто оваа организација не ги следи фазите, а тие се:
– Што (кој тип на гориво фосилно) се увезува преку Царината и тоа доаѓа до самиот отвор на печката?
– Каков тип на печка се користи и кој го потврдува горивото кое се гори и на која температура?
– Какви филтри се користат на крајот од процесот – зашто не знаете да ги изговорите и да направите компарација со држави кои ја имаат формирано европската заедница на цементари, каде оваа фабрика или е член или би требало да биде член.
Оваа фабрика се наоѓа до рудник од кој се изработува цемент, бетон итн. Пронајден пред седумдесет години и е сериозен индустриски комплекс. Во неговата околина немало населени места итн.
Проблемот најглавен е – зошто филолог со магистерски труд „Вегетеријанството во антиката“ и друг труд „Веганството кај Порфириј“ го прелажа раководството на Град Скопје за дислокација на индустрискиов комплекс. Тоа во најмала рака граѓаните на Скопје би ги чинело некаде помеѓу 150 до 200 милиони евра. Дислокација која не се знае каде би била, зголемување на цената на цементот, а со тоа и цената на изградбата за минимум 50 проценти и плус ќе треба да им платиме за изгубената добивка.
Основното прашање е кој е нејзиниот порив. Дали сака придобивка која ја крие како змијата нозе?
Имам право да размислувам. Нели јас сум платеник.
Впрочем, веднаш доаѓаме до уште едно големо прашање. Зошто дојде до измени и дополнување на законот за животна средина (во оригинал):
Член 20
– градење или реконструкција на нови инсталации од тешка и загадувачка индустрија (Г1) на растојание помало од пет километри од населено место или заштитено природно подрачје.
Овој член во законот не се однесува само на тешка индустрија, туку и на следниве индустрии, ќе набројам само три од девет, 1.2. Базна и преработувачка хемиска индустрија: петрохемиска индустрија, рафинерии, коксари и плинари, производство на бои, производство на пестициди и вештачки ѓубрива, производство на биогориво, радиоизотоп, Г1.5. Индустрија за преработка на кожа, текстилна индустрија за преработка и боење на предиво
И за крај, за да се освестиме сите, таму кај што најмногу нѐ боли, без мој коментар.
Г1.7. Прехранбена индустрија: производство на месо и меснати производи, кланици, млечни производи, производство на екстрахирани масла, желатин, шеќер
Г1.8. Базична фармацевтска индустрија, производство на сапун и детергенти
На времето еден голем музички автор компонираше и испеа еден автентичен стих кој може да се употреби за нашиве другари „еколози“ и се вика : Смокот се мота околу твојта слива.
Почитувани читатели, јас не сум разочаран, ниту пак сум тажен. Имам намера да им се спротиствам на оние кои сакаат да бидат „екологисти“ од лукративни причини, да спречам криминогени дејанија на државни институции кога е во прашање здравјето на нашите деца и во исто време да одработам нашите дечиња да останат со нас.
Затоа лобирам за индустријализација со почеток од рударството како фундамент.