🎥 МИС УНИВЕРЗУМ СЕ СТРУПОЛИ НА ПАРАДА ВО ЕКВАДОР Фатима Бош предизвика загриженост кај присутните кога изгуби рамнотежа и падна на колена

Сликите од инцидентот брзо се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи загриженост кај следбениците и учесниците. Мексиканската кралица на убавината набрзо успеа да се опорави.

427

Фатима Бош, Мис Универзум 2025, одеднаш се струполила за време на парадата на Фестивалот на овошје и цвеќе во Амбато, Еквадор. Сликите од инцидентот брзо се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи загриженост кај следбениците и учесниците. Мексиканската кралица на убавината набрзо успеа да се опорави.

Настанот беше забележан во неколку видеа кои станаа вирални на социјалните мрежи. На нив, Фатима Бош се гледа како мавта од врвот на алегориска платформа украсена со слоганот „Таа не се откажува, таа потврдува, таа се враќа на површина и се трансформира“. Одеднаш, мисицата ја изгуби рамнотежата, ја зграпчи структурата и падна на колена. На снимките се слушаат извици од публиката, по што една жена се качува на платформата за да ѝ помогне. Бош остана свесна и комуницираше со лицето кое ѝ дојде на помош.






По неколку минути, Бош успеа да се стабилизира и одлучи да продолжи со турнејата, добивајќи аплауз и знаци на поддршка.

Организацијата на Мис Универзум издаде соопштение по инцидентот. Портпаролот Мигел Анхел Мартинез во изјава за „Пипл“ објасни дека Бош „доживеала краток напад на вртоглавица откако учествувала на настанот на отворено неколку часа“.

Како мерка на претпазливост, таа веднаш била згрижена од нејзиниот тим и локалниот медицински персонал – се вели во соопштението.

– Таа останала при свест, брзо е прегледана и набрзо се опоравила. Нејзиниот распоред бил прилагоден за да ѝ се овозможи соодветен одмор и хидратација. Се чувствува добро и изрази искрена благодарност за топлината и гостопримството што го добила во Еквадор.

Мартинез додаде дека Бош моментално е на својата официјална меѓународна турнеја, која вклучува културни и хуманитарни ангажмани во неколку земји, и нагласи дека „здравјето и безбедноста“ на носителите на титулите остануваат врвен приоритет на организацијата.

Поврзани содржини