БОРБА ЗА НОГАТА НА ЛИНДЗИ ВОН Лекарите предупредуваат на сериозна опасност

41-годишната скијачка по падот на Олимписките игри е со тешка повреда, а лекарите велат дека закрепнувањето ќе трае со месеци.

205

Скијачката легенда Линдзи Вон доживеа тежок пад за време на спуст трката на Зимски олимписки игри 2026, а првичните информации од лекарите звучат загрижувачки – во моментов најважно е да ѝ се спаси ногата.

41-годишната Американка по несреќата итно била пренесена со хеликоптер во болница, каде што започнала детална проценка на повредите.






Францускиот специјалист за повреди на колено, д-р Бертран Сонери-Коте, објасни дека станува збор за исклучително комплексна повреда, какви што најчесто се гледаат при тешки сообраќајни несреќи.

– Ќе минат неколку месеци пред да може нормално да оди. Нејзината прва цел е да ја задржи ногата и повторно да може да стои. Во овој момент темата за врвно скијање и враќање на патеките не треба ни да се отвора – изјави лекарот.

Тој предупреди дека ваквите повреди можат да остават последици до крајот на животот, а во најтешките случаи исходот може да биде и ампутација.

Вон низ кариерата повеќепати се соочуваше со сериозни повреди, особено на лигаментите на коленото. И покрај тоа, секогаш се враќаше на патеките.

И овојпат таа не се предава. Според нејзините зборови, претходната повреда на лигаментите не била причина за падот во Милано–Кортина, ниту пак влијаела на тежината на сегашната повреда.

Сепак, пред неа сега стои најголемиот предизвик, не борбата за медал, туку борбата за сопственото здравје.

Поврзани содржини