ОТВОРАМЕ ПОГОЛЕМ ПРИСТАП ДО АМЕРИКАНСКИОТ ПАЗАР Муцунски за трговскиот договор со САД

„Искрена благодарност до целиот тим од повеќе институции што макотрпно работеше на овој процес, како и тимот на македонската амбасада во Вашингтон“, напиша Муцунски на својот профил на Фејсбук.

180

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во објава на Фејсбук го оцени постигнатиот трговски договор меѓу САД и Македонија како како значаен исчекор во економската соработка со САД, кој има големо значење за македонската економија и од кој конкретен бенефит ќе имаат македонските компании.

„Усогласивме заедничка изјава и рамка за Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, со што ја зајакнуваме билатералната економска соработка и отвораме поголем пристап до американскиот пазар за македонските компании.






Искрена благодарност до целиот тим од повеќе институции што макотрпно работеше на овој процес, како и тимот на македонската амбасада во Вашингтон“, напиша Муцунски на својот профил на Фејсбук.

Договорот со САД вчера го најави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека 64 производи, кои за земјава се стратешки, во САД ќе бидат извезувани со цариснки тарифи од 0 до 6,5 проценти.

Тој кажа дека во изминатите месеци се воделе многу активни и жестоки преговори и оти ваквите поволни стапки се резултат на тоа.

Поврзани содржини