ПРЕТРЕС ВО ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА ПРОДАЖБА НА ЗГРАДИ ВРЕДНИ 900 МИЛИОНИ ЕВРА Истрагата е за период кога Јоханес Хан бил задолжен за буџетот

Случајот го води Европското јавно обвинителство, а предмет на истрагата се вкупно 23 згради што биле купени од белгискиот државен инвестициски фонд SFPIM за 900 милиони евра во 2024 година.

163

Белгиската полиција изврши претрес во неколку простории на Европската комисија во Брисел како дел од истрагата за можни неправилности при продажбата на недвижности во сопственост на ЕУ во 2024 година, објави „Фајненшл тајмс“.

Според наводи на извори запознаени со акцијата, претресите биле спроведени денеска на неколку локации, вклучувајќи го и одделот задолжен за буџет. Истрагата се однесува на продажба на неколку згради на ЕУ извршена за време на претходниот мандат на Европската комисија кога австрискиот политичар Јоханес Хан бил задолжен за буџетот.






Хан управувал со буџетот на ЕУ во вредност од речиси билион евра до 2024 година. По напуштањето на функцијата, тој бил назначен за специјален претставник на ЕУ за Кипар.

Случајот го води Европското јавно обвинителство, а предмет на истрагата се вкупно 23 згради што биле купени од белгискиот државен инвестициски фонд SFPIM за 900 милиони евра во 2024 година.

Поврзани содржини