ПОСТАВЕНИ МАСИ ЗА ТЕКБОЛ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Нов јавен простор за рекреација и забава на младите

Текбол е модерен, динамичен спорт кој комбинира елементи од фудбал, пинг-понг и футсал, а се игра на специјална закривена маса. Се игра со фудбалска топка, при што не смеат да се користат рацете, туки топката се префрлува на протвничката страна со нозе, глава, гради и со рамења.

343

Општина Ѓорче Петров денеска промовираше нови спортски содржини, маси за текбол на јавен простор наменет за спорт и рекреација.

„Со оваа инвестиција, општината создава современо и достапно место каде младите ќе можат активно да го поминуваат своето слободно време, да спортуваат, да се дружат и да развиваат здрави животни навики. Текболот како иновативен и динамичен спорт станува сè попопуларен меѓу младите, нудејќи можност за рекреација, натпреварување и за развој на спортскиот дух. Со воведувањето на вакви модерни спортски содржини, Општина Ѓорче Петров продолжува континуирано да инвестира во подобрување на јавните простори и во унапредување на спортската култура во заедницата“, соопшти Општина Ѓорче Петров.






Текбол е модерен, динамичен спорт кој комбинира елементи од фудбал, пинг-понг и футсал, а се игра на специјална закривена маса. Се игра со фудбалска топка, при што не смеат да се користат рацете, туки топката се префрлува на протвничката страна со нозе, глава, гради и со рамења.

Поставувањето на тениските маси е реализирано во партнерство со организацијата Sports Social Solutions и текбол федерацијата, во рамките на европскиот проект Youth Balkan Placemaking, со поддршка на Европската Унија.

 

Фото: Општина Ѓорче Петров
Поврзани содржини