ЛИНДЗИ ВОН ГИ НАЛУТИ ФАНОВИТЕ НА ЃОКОВИЌ Како еден избришан твит стана светска тема

Американската скијачка го избришала твитот во кој Роџер Федерер го нарече ГОАТ, по реакции од фановите на Новак Ѓоковиќ, а подоцна јавно го смени ставот. Линдзи Вон деновиве е во центарот на вниманието по нејзиниот пад на Олимпијадата во Кортина.

1,000

Американската скијачка Линдзи Вон која се опоравува од својот пад на Олимпијадата во Кортина, деновиве повторно се најде под лупа на јавноста.

Овојпат не поради патеката, туку поради една стара објава што повторно исплива и ги налути фановите на тенискиот ас Новак Ѓоковиќ. Пред две години Вон на Икс го прогласила Роџер Федерер за најдобар на сите времиња и потоа се повлече чекор назад кога сфати каква лавина предизвикала.






Вон тогаш објави твит со јасна порака дека Федерер е најдобриот досега, без оглед на бројките, користејќи го популарниот термин ГОАТ. Реакциите беа бурни. Дел од навивачите на Ѓоковиќ ја обвинија за потценување на статистиката и на рекордите. Објавата брзо исчезна од Икс, но приказната не заврши тука.

На Инстаграм, Вон остави подолга и поемотивна порака. Таа напиша дека конечно скијала со својот пријател Федерер и дека долго време чекала да се случи тој момент. Го опиша како спортист, филантроп и шампион кој никогаш не разочарал. Потенцираше дека не ја интересираат бројките, туку влијанието што тој го имал врз неа, додавајќи дека за неа тој засекогаш ќе остане ГОАТ.

По критиките, Американката реши јавно да објасни зошто ја избришала првичната објава. Таа нагласи дека никој не ја принудил и дека едноставно не сакала негативните коментари да ѝ ја уништат личната меморија. Според неа, објавата не била споредба, туку посвета на пријател кој силно влијаел врз нејзиниот живот.

Неколку години подоцна, приказната доби нов пресврт. Летото 2024 година Вон објави фотографија со Ѓоковиќ и напиша дека се дружи со ГОАТ,  најголемиот на сите времиња. Таа отворено призна дека верува оти може да има повеќе од еден ГОАТ, но подвлече дека Новак ги држи најважните рекорди и дека заслужува целосна почит. Во пораката додаде и еден детал што ја воодушеви публиката, дека и Ѓоковиќ скија.

Врската меѓу двајцата не остана само на зборови. Ѓоковиќ јавно ја поддржа Вон кога таа реши да ризикува и со повредено колено да се натпреварува на Зимските олимписки игри во Кортина. Српскиот ас на Инстаграм ѝ испрати кратка, но силна порака со охрабрување.

Настапот, за жал, заврши драматично. Вон падна на самиот почеток од трката, беше пренесена со хеликоптер во болница и подложена на операција. Нејзиниот подвиг доби мешани реакции во спортскиот свет.

Поврзани содржини