И ВЕТЕРОТ ДУВА ПРОТИВ ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Зголемените ветерни капацитети не го зголемија производството на струја
Ветерниците на копно и на море произведоа вкупно 132,6 терават часови електрична енергија минатата година, околу 4% помалку отколку во 2024 година.
Капацитетот на ветерната енергија во Германија беше проширен во 2025 година, но производството на електрична енергија беше намалено во споредба со 2024 година поради послаби ветрови, покажаа прелиминарните податоци од операторот на мрежата TenneT Germany. објавени денеска.
Ветерниците на копно и на море произведоа вкупно 132,6 терават часови електрична енергија минатата година, околу 4% помалку отколку во 2024 година.
Вкупно 437,6 терават часови електрична енергија беа произведени во Германија во 2025 година, кога се вклучени сите извори, покажаа податоците од Федералната агенција за мрежи.
Намаленото производство во ветерните фарми е резултат на неповолните временски услови, забележува TennetT Germany.
„Ветерот во 2025 година беше само умерен, особено на копно. Под нормални услови, ветерните фарми би произвеле значително повеќе електрична енергија бидејќи нивните капацитети се проширени“, објави операторот на електрични мрежи 50Hertz, кој работи во регионот на Балтичкото Море.