ХРВАТСКА НАЈДЕ НАЧИН КАКО ДА ГИ АНГАЖИРА ПРАЗНИТЕ СТАНОВИ На сопствениците им нуди повеќегодишен закуп преку државна агенција за недвижнини

Во Хрватска има 600.000 слободни недвижности, додека во исто време во земјата има недостиг од околу 230.000 недвижности.

902

Хрватска спроведува Програма за прифатлива кирија, чија цел е да се активира дел од слободните недвижности и да се овозможи тие да се издадат под кирија преку Агенцијата за правни трансакции и посредување со недвижнини.

Програмата е наменета за сопственици на станови или куќи кои се празни во последните две години, а кои сакаат да го дадат својот имот на управувањето со APN под повеќегодишен закуп. Веќе е објавен и јавен повик за пријавување на заинтересираните.






Со оваа програма, според она што е најавено се нуди сигурно изнајмување за сопствениците на станови, бидејќи се смета дека дел од сопствениците на недвижности кои досега не ги изнајмиле, не го сториле тоа поради страв, чувство на несигурност или практични причини – во меѓувреме, се преселиле во друг град или земја и не можат да изнајмат имот кој се наоѓа далеку.

Програмата предвидува сопственикот да потпише договорот со агенцијата по што таа ја презема целата грижа за имотот и сè што е поврзано со него во односот со закупецот – плаќање на киријата, комуналии, грижа за состојбата на имотот.

Агенцијата гарантира дека по истекот на договорниот период, кој може да биде помеѓу 3 и 10 години, имотот ќе му биде вратен на сопственикот во првобитната состојба.

Дополнително, наместо да чекаат кирија од месец во месец, како што е случајот со пазарната кирија, сопствениците кои се приклучуваат на Програмата ги добиваат своите пари за повеќегодишна кирија на две рати – 60% веднаш на почетокот, а остатокот откако ќе истече половина од договорниот период.

Агенцијата веќе објави оглас за пријавување на сопствениците на станови кој завршува на 15 февруари.

Според медиумите, во Хрватска има 600.000 слободни недвижности, додека во исто време во земјата има недостиг од околу 230.000 недвижности.

Поврзани содржини