УЖАСНА НЕСРЕЌА, АВТОМОБИЛОТ ЗГМЕЧЕН КАКО ХАРТИЈА Го сечеле лимот за да ги извлечат жртвите
Сообраќајната несреќа се случила на Ибарската магистрала, под сè уште неразјаснети околности. Силината на ударот била толкава што колата била целосно згмечена.
Страшна сообраќајна несреќа се случи денеска изутрина на Ибарската магистрала во Србија, во која две лица загинаа на самото место, а уште две се пренесени во болница во тешка состојба, објави ТВ „Нова“.
Во директен судир меѓу патничко возило и камион, двајца загинаа на самото место, додека, жена и деветгодишно дете со тешки повреди итно биле пренесени во Белград.
Несреќата се случила под сè уште неразјаснети околности, а силината на ударот била толкава што колата била речиси целосно уништена. На терен излегле повеќе екипи на Итната помош, како и пожарникари-спасувачи кои морале да го сечат лимот за да ги извлечат повредените и загинатите.
Лекарите можеле само да ја констатираат смртта на двајцата од автомобилот, додека, пак, жената и детето, кои седеле на задните седишта, веднаш биле упатени кон здравствени установи во Белград. Според неофицијални информации, двајцата повредени биле примени со тешки телесни повреди, опасни по живот.
