ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕДЕ ДВЕ ВОЗИЛА ОД ДВАЈЦА ВОЗАЧИ ОД ОХРИД Предизвикаа сообраќајка иако имале забрана за возење

За случајот бил известен јавен обвинител, по чии насоки полицијата ги одзела возилата на В.В.М. и Ј.П.

703

Двајца возачи од Охрид се соочуваат со кривични пријави откако предизвикаа сообраќајна несреќа, иако имале изречени забрани за управување со возило, а едниот од нив возел и под дејство на алкохол, соопшти МВР.

Несреќата се случила на 4 февруари 2026 година околу 20:30 часот на улицата „АСНОМ“ во Охрид. Во судирот учествувале три патнички возила – „фолксваген амарок“, „ланчија“ и „мерцедес“, сите со охридски регистарски таблички.






„Фолксвагенот“ го управувал 24-годишниот В.В.М. од Охрид, „ланчијата“ 37-годишниот Ј.П., исто така од Охрид, додека „мерцедесот“ го возел П.Н. (35).

По извршените полициски проверки било утврдено дека В.В.М. возел под дејство на алкохол, при што алкотестот покажал 0,71 промили алкохол во крвта. Дополнително, тој имал дури три активни забрани за управување со моторно возило од „Б“ категорија. И кај Ј.П. било констатирано дека има една забрана за возење од истата категорија.

За случајот бил известен јавен обвинител, по чии насоки полицијата ги одзела возилата на В.В.М. и Ј.П. По целосно документирање на настанот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за „безобѕирно управување со возило“, по член 297-а од Кривичниот законик.

Поврзани содржини