🎥 СЛАВНАТА АМЕРИКАНСКА ТВ-ВОДИТЕЛКА СНИМИ ВИДЕО ЗА КИДНАПЕРИТЕ НА НЕЈЗИНАТА МАЈКА „Мора да знаеме дека е жива“

Четири дена по исчезнувањето на 84-годишната мајка на познатата американска водителка Савана Гатри, таа објави видео во кое со нејзината сестра и братот им се обраќаат директно на потенцијалните киднапери на нивната мајка

168

Познатата американска телевизиска водителка Савана Гатри упати јавен апел за враќање на нејзината киднапирана мајка, велејќи им на нејзините потенцијални киднапери дека семејството е подготвено да разговара, но само откако ќе обезбедат доказ дека е жива.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп вети помош од федералните и локалните сили, пишува Скај њуз. Во емотивна видео порака објавена на социјалните мрежи, водителката на НБЦ, заедно со нејзиниот брат и сестра, им се обрати директно на киднаперите.






– Подготвени сме да разговараме. Сепак, живееме во свет каде што гласовите и сликите можат лесно да се манипулираат. Треба да бидеме апсолутно сигурни дека таа е жива и со вас. Сакаме да не контактирате и ние сме подготвени да ве слушнеме. Ве молиме контактирајте нè – рече таа.

Низ солзи, Савана ја опиша состојбата на нејзината мајка: „Нашата мајка е срцето на нашето семејство и нашиот дом. Таа има 84 години. Таа е со слабо здравје и има слабо срце. Живее во постојана болка. Нема лекови, а тие ѝ се потребни за да преживее и да не страда – рече таа.

Во видеото Савана испрати порака и до нејзината мајка: „Мамо, ако го слушаш ова, ти си силна жена. Ти си драгоцено Божјо дете.“

Ненси Гатри последен пат беше видена во сабота навечер во нејзиниот дом во близина на Тусон, Аризона. Таа беше пријавена за исчезната следниот ден откако не се појави во црква. Истражителите пронајдоа знаци на провала во домот и веруваат дека била киднапирана.

Неколку медиуми објавија дека добиле пораки претходно оваа недела во кои наводно се бара откуп, кои веднаш ги предадоа на полицијата. Властите сè уште не потврдија дали се автентични.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Savannah Guthrie (@savannahguthrie)

Савана Гатри е американска новинарка која се прослави во 2007 година како правен аналитичар, дописник од Белата куќа и водителка на NBC News. Гатри е и водител на утринската емисија „Today“ на NBC од 2012 година. Како член на тимот на емисијата „Today“, таа ја освои наградата „Daytime Emmy“ за извонредна утринска програма во 2020 година.

Поврзани содржини