ВО ДОКУМЕНТИТЕ НА ЕПСТИН СЕ СПОМЕНУВА И ХРВАТСКА ВОДИТЕЛКА „Нејзиното име е Миа Ковачиќ – модел од Загреб“

Меѓу објавените документи за Џефри Епстин биле и мејловите што ги разменувал со Хрватот Борис Николиќ. Тој му испратил листи на хрватски модели, а во еден од нив се споменува и познатата хрватска манекенка и ТВ водителка Миа Ковачиќ

497

Објавените документи за Џефри Епстин откриле мејлови што озлогласениот сексуален престапник ги разменувал со хрватскиот доктор и инвеститор и советник на Бил Гејтс, Борис Николиќ. Во нив се споменува познатата водителка Миа Ковачиќ и две хрватски модни агенции – Талија Модел и Мидикен Модел Менаџмент.

Станува збор за мејлови кои биле испратени до Епстин во јануари 2014 година, а во едeн од нив, насловен како „Пријателката на мојот брат“, тој му испратил линк до статија во Јутарњи Лист во која се споменува судскиот спор на тогашната манекенка Миа Ковачиќ.






Во мејлот пишувало: „Her name is Mia Kovacic – a model in Zagreb“ (Нејзиното име е Миа Ковачиќ – модел од Загреб).

Водителката негира каква било поврзаност со лицата вклучени во случајот.

Таа се огласи откако во медиумите се прошири веста дека е спомената во мејловите и негираше каква било поврзаност.

– Од медиумите дознав дека моето име е споменато во мејлови од случајот Џефри Епстин. Воопшто не ги познавам луѓето вклучени во тој случај, ниту пак знаев дека моето име се споделува или коментира во приватната преписка на други луѓе – вели таа, пренесува Дневник.хр.

Таа, исто така, потенцира дека ѝ е жал што медиумите не ја контактирале пред да го објават нејзиното име во контекст на комуникација меѓу трети страни со кои нема никаква врска.

– На овој нчин ми се нанесува штета, а ваквите објави не можат да се сметаат за известување во јавен интерес и дејствување во добра намера од страна на медиумите – заклучи таа.

Миа веќе две децении е едно од најпрепознатливите ТВ лица во Хрватска.

Поврзани содржини