СКОКНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА Индиското откажување од руска нафта ги зголеми очекувањата за пораст на цената

На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за 45 центи повисока цена и чинеше 66,75 долари .На американскиот пазар, беше 56 центи поскап и чинеше 62,70 долари.

89

Цените на нафтата се искачија на 67 долари на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека суспензијата на увозот од страна на Индија би можела да резултира со намалено руско производство, со што конкуренцијата за снабдување од други добавувачи се интензивира.

На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше за 45 центи повисока цена и чинеше 66,75 долари .На американскиот пазар, беше 56 центи поскап и чинеше 62,70 долари.






Пазарите беа изненадени од веста дека САД и Индија постигнале договор за трговија.

Њу Делхи се согласи да престане да купува руска нафта во замена за намалени американски царини, објави американскиот претседател Доналд Трамп.

Итното суспендирање на купувањата би предизвикало големи нарушувања на глобалните пазари на нафта, предупреди агенцијата за кредитен рејтинг Мудис.

-Во последните месеци, Индија купуваше помалку руска нафта, но малку е веројатно дека веднаш ќе престане целосно да купува, бидејќи тоа би го нарушило растот на индиската економија – проценува Мудис.

Руските барели треба да бидат заменети со оние од САД, рече Трамп, но и од Венецуела, а можеби и од Иран, додаде тој. Русија беше главен снабдувач на нафта за Индија до ноември минатата година и санкциите на САД врз „Роснефт“ и „Лукоил“.

Во јануари, според некои проценки, Индија увезувала од 1,1 до 1,2 милиони барели руска нафта дневно, според аналитичарите на ING, Ворен Патерсон и Ева Мантеј.

Поврзани содржини