МАКЕДОНЕЦ ОГРАБУВАЛ ОБЛОЖУВАЛНИЦИ И ПОШТИ ВО СРБИЈА Полицијата во Краљево уапси маскиран разбојник

При претрес на станот на осомничениот, полицијата пронашла пари во различни апоени, фантомка и реплика на пиштол за кој се сомнева дека го користел при извршување на кривичното дело.

182

Полицијата во Краљево го уапси В. Г. (43) од Македонија, осомничен дека претходно влегол во обложувалници и пошти на територијата на тој град со фанткомка на главата и, под закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари од вработените.

Како што соопшти Полициската управа во Краљево, тој е уапсен поради постоење основи на сомнение дека сторил пет кривични дела разбојништво.






При претрес на станот на осомничениот, полицијата пронашла пари во различни апоени, фантомка и реплика на пиштол за кој се сомнева дека го користел при извршување на кривичното дело.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа и ќе биде приведен во Основното јавно обвинителство во Краљево со кривична пријава.

Поврзани содржини