СНААТА НА БЕКАМОВИ ДОБИВА ЏЕПАРЛАК ОД ТАТКО Ѝ Милијардерот одвојува милион долари месечно за својата ќерка?!
Додека Бекамови сакаат нивниот син Бруклин да биде финансиски независен, семејството Пелц наводно ѝ дава на Никол 1 милион долари месечно.
Додека презимето Бекам е глобално препознатливо, зад името Нелсон Пелц лежи тивка финансиска моќ што далеку ја надминува онаа на Бекамови.
Американскиот милијардер вреди околу 1,6 милијарди долари, додека комбинираното богатство на Дејвид и Викторија се проценува на приближно 680 милиони долари.
Во подкастот „The Rest Is Entertainment“, новинарката Марина Хајд даде увид во финансиската динамика меѓу двете семејства.
– Од она што го слушам, Бекамови му даваат на Бруклин многу пари, но не и луда сума. Тие некако го имаат тој сон дека тој ќе застане на свои нозе и ќе стане независен – коментира таа.
Од друга страна, правилата се многу различни во семејството Пелц.
– Можеби Нелсон Пелц би го негирал тоа, но слушнав дека им рекол: „На ќерка ми ѝ давам милион долари месечно“, додава Хајд, заклучувајќи: „Единственото нешто што Бекамови не го очекуваа беше дека нивните деца ќе бидат тие што ќе треба да потпишуваат предбрачни договори. Мислеа дека ќе биде обратно.“
Минатата година беше објавено дека Дејвид и Викторија не биле воодушевени од финансиската зависност на нивниот син од семејството на неговата сопруга Никол, или од неговиот живот во Лос Анџелес. Бруклин живее со Никол во луксузна вила вредна 11 милиони фунти, но според изворите, таа е главен сопственик на имотот.
Во разговор за The Sun во јуни 2025 година, извор близок до семејството открил:
– Парите, како што велат, се коренот на секое зло. Во случајот Бекамови против Пелц, се покажа дека е доста комплицирано. Дејвид и Викторија се две деца од работничката класа кои успеале. Кога дојде збор за купување куќа, секако дека не сакаа само да му дадат милиони на својот син – каква порака би испратило тоа?
Од друга страна, Нелсон Пелц не штедел никакви пари кога станувало збор за среќата на неговата ќерка. Во 2022 година, тој потрошил околу 3,5 милиони долари на свадбата, јасно ставајќи до знаење дека целосно го прифаќа Бруклин како дел од семејството.