АМЕРИКАНСКАТА „КАРЛАЈЛ“ ГО КУПУВА ИМОТОТ НА „ЛУКОИЛ“ ВО СТРАНСТВО Во зделката не влегува имотот во Казахстан

Министерството за финансии на САД потоа издаде посебна лиценца што овозможува реализација на одредени трансакции, а нејзината важност беше продолжена неколку пати, последниот пат до 28 февруари.

1,290

Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ објави дека склучил договор за продажба на својот имот во странство на инвестициската компанија „Карлајл“, напоменувајќи дека трансакцијата не се однесува на имотот во Казахстан.

Како што е наведено во соопштението на компанијата, нафтените полиња во Казахстан каде што Лукоил има удели ќе продолжи да работи во согласност со важечките лиценци.






Предмет на продажбата е „Лукоил Интернашонал“, подружница во целосна сопственост на ПАО „Лукоил“, преку која групацијата управува со своите меѓународни средства на која и припаѓа и „Лукоил Македонија“.

За завршување на зделката ќе бидат потребни регулаторни одобренија, вклучително и одобрение од Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на САД.

Лукоил изјави дека, покрај договорот со „Карлајл“, тие продолжуваат со разговорите со други потенцијални клиенти.

Одлуката за продажба на странски средства беше донесена откако Велика Британија и Соединетите Американски Држави воведоа санкции врз Ликоил и неговите подружници во октомври 2025 година.

Министерството за финансии на САД потоа издаде посебна лиценца што овозможува реализација на одредени трансакции, а нејзината важност беше продолжена неколку пати, последниот пат до 28 февруари.

Аналитичарите ги проценуваат странските средства на „Лукоил“ на околу 22 милијарди долари.

„Лукоил“ има три рафинерии во Европа, удели во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Ирак, Мексико, Гана, Египет и Нигерија, како и стотици малопродажни бензински пумпи низ целиот свет, вклучително и во САД. Странскиот имот на компанијата сочинуваат околу 0,5% од глобалното производство на нафта, врз основа на податоците од 2024 година.

Поврзани содржини