НИКОЛОСКИ ПОБАРА ХРВАТСКА ДА СЕ ЗАЛОЖИ ВО ЕУ ЗА БАРАЊАТА НА ПРЕВОЗНИЦИТЕ Се разговарало и за соработката во железничкиот транспорт

Николоски во разговорот потенцирал дека проблемот е суштински и се однесува за транспортниот сектор од целиот регион од Западен Балкан. Тој рекол и дека проблемот има поголем размер и ги опфаќа и компаниите од ЕУ кои инвестирале во Западен Балкан, а кои се извозно ориентирани кон европските пазари.   

146

Проблемот со превозниците и новиот систем за електронска евиденција во земјите од Шенген зоната бил во фокусот на денешните разговори на вицепремиерот министер за транспорт Александар Николоски и неговиот хрватски колега Олег Бутковиќ.

Како што соопштија од Министерството за транспорт и врски, Николоски потенцирал дека проблемот е суштински и се однесува за транспортниот сектор од целиот регион од Западен Балкан. Тој рекол и дека проблемот има поголем размер и ги опфаќа и компаниите од ЕУ кои инвестирале во Западен Балкан, а кои се извозно ориентирани кон европските пазари.






Во таа насока, побара силна поддршка од Владата на Хрватска во изнаоѓање на соодветно решение на ниво на Европската Унија со кое ќе се олесни работењето на македонските и регионални превозници.

Двајцата говорници го отвориле и прашањето за унапредување на соработката во делот на транспортниот сектор. Особено се истакна соработката во железничкиот сектор и можноста за набавка на нови возови и локомотиви како и за модернизација на возниот парк за потребите на МЖ Транспорт.

На средбата се разговарало и за економската и трговска соработка меѓу двете земји, ставајќи фокус на инфраструктурни проекти, а била нагласена  можноста за учество на специјализирани компании од Хрватска во реализација на истите.

Двајцата вицепремиери ја потенцирале важноста од средбата на која биа нагласена и потребата од силна поддршка на Македонија во евроинтегративните процеси.

Денешната работна посета на Загреб, вицепремиерот Николоски  ја продолжува со средби со претседателот на Стопанската Комора на Хрватска, бизнис секторот, како и со претставници на Собранието на Хрватска.

 

Поврзани содржини