УШТЕ ЕДНА АРМАДА ПРЕКРАСНО ПЛОВИ КОН ИРАН Трамп вели „ќе видиме“ за Блискиот Исток

Патем, има уште една прекрасна армада која во моментов прекрасно плови кон Иран. Па, ќе видиме, рече шефот на САД пред публиката.

275

Американскиот претседател  јавно откри дека уште една американска воена флота се движи кон Иран. Неговата изјава веднаш отвори нов бран дилеми за вистинските намери на Вашингтон и за ризикот од понатамошна ескалација на Блискиот Исток.

Армада што „прекрасно“ плови кон Иран






– Патем, има уште една прекрасна армада која во моментов прекрасно плови кон Иран. Па, ќе видиме – рече Трамп пред публиката.

Не стана јасно дали мислеше на носачот на авиони и придружните бродови што веќе пристигнаа во регионот или на сосема нов распоред на сили.

Воена сенка над дипломатијата

Регионалната команда на американската војска  во меѓувреме најави повеќедневна вежба на воздухопловните сили на Блискиот Исток. Тајмингот се поклопи со засилените пораки од Белата куќа и со зголеменото присуство на американска флота во регионот.

Трамп неодамна одби да ја исклучи можноста за воена интервенција, по насилното задушување на протестите во Иран.

Групи за човекови права и сведоци зборуваа за илјадници жртви, тврдења што дополнително ја заострија реториката меѓу двете земји.

„Се надевам дека ќе постигнат договор“

И покрај воените сигнали, Трамп во Ајова испрати поумерена порака.

– Се надевам дека ќе постигнат договор – рече тој, мислејќи на раководството во Техеран.

Претходно, во интервју за американскиот портал , Трамп изјави дека Иран покажувал интерес за дипломатско решение.

Ситуацијата ја опиша како „променлива“, нагласувајќи дека токму испраќањето на голема флота во регионот ја менува рамнотежата на силите на Блискиот Исток.

Поврзани содржини