МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА РЕШЕНИЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ПРЕВОЗНИЦИТЕ Темата повторно ќе биде ставена на маса во разговорите со Унијата
Блокадата со камиони на товарниот сообраќај на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на македонските и превозниците од Западен Балкан кои бараат решение за проблемите поради електронската евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава.
Премиерот Христијан Мицкоски проблемот со престојот на превозниците во шенген зоната кое е на дневен ред во разговорите со Европската унија од септември очекува да се отвори повторно деновиве.
Тој информира дека министерот за надворешни работи е задолжен од Владата да разговара за ова прашање. со ЕУ.
-Очекувам ова да се реши. Вчера побарав телефонски разговор со претседателката со Европската комисија, службено е отсутна во Индија, очекувам деновиве повторно да ја отвориме оваа тема и заедно со колегите од регионот да ја ставиме оваа тема маса. Ние бараме варијанта како да излезе во пресрет на транспортерите – изјави Мицкоски.
Блокадата со камиони на товарниот сообраќај на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на македонските и превозниците од Западен Балкан кои бараат решение за проблемите поради електронската евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава.
Наспроти блокираниот товарен сообраќај на премините кон шенген зоната, кој, според најавите ќе трае најмалку 7 дена, патничкиот сообраќај, функционира непречено.
Камионските превозници од државава и нивните колеги од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, сметат дека ЕЕС системот ги дискриминира во однос на тие од ЕУ и бараат да им биде доделен посебен статус и да ги третира како туристи при влез во блокот.