АВИОН СЕ ПРЕВРТЕ НА ПИСТА ВО МЕЈН, САМО ЕДЕН ЧОВЕК ПРЕЖИВЕА Зимската бура во САД зема замав

Она што е познато според јавните документи е дека авионот бил регистриран на адвокатска фирма од Хјустон, Тексас. Некои канали на Икс тврдат дека осуммината во авионот биле бизнисмени. Сепак, идентитетот на лицата не е официјално потврден.

298

Седум лица загинаа, а едно е тешко повредено по пад на приватен авион при полетување од Меѓународниот аеродром Бангор. Леталото превезувало осум лица. Единствениот преживеан бил член на екипажот.

Станувало збор за Бомбардиер Челинџер 600. Авионот се урнал неколку минути по обидот за полетување. Настанал пожар. Леталото застанало превртено на пистата.






Од Федералната администрација за воздухопловство соопштија дека причините засега се непознати. Истрагата е отворена. Идентитетите на жртвите не се објавени.

Адвокатска фирма, непознати бизнсмени

Она што е познато според јавните документи е дека авионот бил регистриран на адвокатска фирма од Хјустон, Тексас.

Некои канали на Икс тврдат дека осуммината во авионот биле бизнисмени. Сепак, идентитетот на лицата не е официјално потврден.

Контролата предупредувала пред падот

Аудио од контролата на летови, објавено од LiveATC.net, забележало разговори за слаба видливост. Не било јасно кои авиони биле во комуникација.

Кратко потоа, се слушнал глас од контролата.

„Се преврте патнички авион“.

Снимките од местото покажале густ чад и пламен на пистата. Аеродромот бил затворен. Службите за итна помош интервенирале.

 

Зимска бура, илјадници откажани летови

Несреќата се случила додека опасна зимска бура се ширела низ голем дел од САД. Неколку лица загинале на други локации. Стотици илјади домаќинства останале без струја.

Податоци од FlightAware покажале повеќе од 11.000 откажани летови и околу 5.500 одложени. Погодени биле аеродроми во Филаделфија, Вашингтон, Балтимор, Северна Каролина, Њујорк и во Њу Џерси.

Според Националната метеоролошка служба, во делови од Мејн се очекуват 25 до 40 сантиметри снег. Предупредувањето за зимска бура за регионот околу Бангор останува активно до вторник.

 

Поврзани содржини