ГАЗАДАТА НА „БАРОТ НА СМРТТА“ ВО КРАН-МОНТАНА ЌЕ СЕ БРАНИ ОД СЛОБОДА Пуштен е со кауција од 200.000 швајцарски франци

Морети мора да ги предаде личните и патните документи, нема право да ја напушти земјата, должен е секојдневно да се јавува во полиција и да плати кауција.

151

Сопственикот на барот во швајцарското скијалиште Кран-Монтана, во кој загинаа 40 лица во пожар за време на новогодишна забава, е пуштен на слобода откако судот му го укина притворот.

Жак Морети е пуштен на условна слобода, соопшти судот во Сион, во швајцарскиот кантон Вале.






Морети мора да ги предаде личните и патните документи, нема право да ја напушти земјата, должен е секојдневно да се јавува во полиција и да плати кауција. Судот соопшти дека на сметката на обвинителството се уплатени 200.000 швајцарски франци, наводно од негови блиски пријатели. Слични услови важат и за неговата сопруга Џесика.

Според првичните истраги, за време на новогодишната забава во барот „Le Constellation“, прскалките ја запалиле пената на таванот, по што пожарот се проширил исклучително брзо.

Во пожарот загинаа 40 лица, меѓу кои и голем број малолетници. Вкупно 116 лица беа повредени, од кои 80 со тешки изгореници.

Поврзани содржини